Израел ја нападна Газа по утринското ракетирање

Израелската војска објави дека започнала со напади врз цели на палестинското исламистичко движење Хамас на целата територија на Појасот Газа, како одговор на синоќешното ракетирање од палестинската енклава во коешто е погодена куќа во централен Израел.

Ракетата рано утрото уништила куќа во традиционална еврејска земјоделска населба Мишмерет, осумдесетина километри од Тел Авив. Седум Израелци се хоспитализирани со повреди од различна тежина. Лекарски извори рекле дека меѓу повредените се три деца, и тоа бебе, тригодишно дете и 12-годишно девојче.

Палестински извори соопштија подоцна во понеделникот попладнето дека слушнале две силни експлозии во северниот дел од Газа, ако и дека два израелски воени дрона ја надлетуваат Газа. Болниците на територијата на целиот Појас Газа прогласиле вонредна состојба.

Политички функционери во Газа рекле дека израелските авиони погодиле два воени објекта на движењето Хамас и комплекс за обука во градот Газа. Засега нема вести за ранети, бидејќи комплексите и објектите претходно биле испразнети, откако израелската војска по нападот прекомандува две бригади кон границата со Појасот Газа, објави делумна мобилизација на резервниот состав и воена состојба во пограничната област. Овие најнови тензии доаѓаат две седмици во пресрет на изборите во Израел.

Иако палестинските милитанти чести истрелуваат ракети во областите околу Појасот Газа, ретко кога проектилите достигнуваат толку оддалечени области во централните делови на Израел, како во понеделникот рано утрото. Ова е втор ваков напад по војната меѓу Израел и Хесболах во 2014 година, по оноj од 14-ти март, кога Израел возврати жестоки на околу 100 цели во Појасот Газа.