Израел ќе прифати 100 сириски сирачиња

Израел има намера да прифати 100 сириски сирачиња и да се активира за нивно посвојување, соопшти Министерството за надворешни работи.

Првично, децата ќе добијат статус на времен престој со сите социјални права, а четири години подоцна ќе може да добијат постојан престој. Властите ќе побараат семејства кои ќе ги посвојат меѓу израелските арапи кои се 17,5 отсто од вкупното население во државата.

Блиски роднини на сирачињата ќе може да добијат азил.

Израел е официјално во војна со Сирија со децении. Одоносите им се дополнително затегнати поради поддршката од сирискиот режим на либански Хезболах кои се непријатели на Израел. Над 2.000 лица се лекувани во израелски болници од 2013 година досега.