Израел ќе продолжи со напади во Сирија

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху изјави денеска дека Израел ќе продолжи да спроведува воени операции во Сирија откако Русија објави дека на својот сојузник ќе му го достават модерниот противракетен систем С-300.

Ние ќе продолжиме да дејствуваме со цел да се спречи војно утврдување на Иран во Сирија и ќе продолжи воената координација меѓу израелските сили и руската армија, изјави Нетанјаху за новинарите пред заминувањето во Њујорк.

Израелскиот премиер ќе одржи говор на Генералното собрание на ОН.

Русија претходно го отфрли објаснувањето од Израел за околностите под кои сириската противвоздушна одбрана го собори рускиот воен авион во близина на сирискиот брег.

Москва тврди дека одговорноста за соборување на авионот „Ил-20“ е на Израел, односно маневрите на нивни авиони при ракетирање на мети на сиријската војска, па Русите биле изложени на оган од Сиријците.

Во инцидентот загинаа 15 руски војници.

Русија вчера изјави дека на Сирија ќе и го испорача ракетниот систем С-300 со што, според руските власти,ќе им овозможи целосно затворање на делови од сирискиот воздушен простор.