Израел: Кибер-мониторинг на заразените бара Владата

Израел има намера да користи анти-терористички техники за набљудување за заразените лица за да го следи спроведувањето на мерките за борба против ширењето на епидемијата на новиот коронавирус. Најавта за тие мерки предизвика загриженост за нарушување на приватноста на пациентите.

– Кибер-мониторинг, со одобрување од Владата, ќе се користи за лоцирање на луѓе кои биле во контакт со носителите на вирусот, рече премиерот Бенјамин Нетанјаху на прес-конференција во Ерусалим.

– Ние многу брзо ќе започнеме со употреба на технологија … дигитални алатки што ги користевме во борбата против тероризмот, рече Нетанјаху, објавувајќи дека го замолил Одделот за правда за одобрување такви мерки што ја нарушуваат приватноста на пациентите.

Шин Бет, израелска агенција за безбедност, потврди дека анализираат барањето на Нетанјаху и користењето на можностите на технологијата за борба против коронавирусот.