Израел најави 1.355 нови домови во населбите на Западниот брег

Израел во седум доселенички населби во палестинската енклава Западниот брег од реката Јордан, која меѓународната заедница ја смета окупирана палестинска територија, ќе гради 1.355 нови станови, објави во неделата министерството за градежништво, а Палестинската самоуправа веднаш остро ја осуди одлуката.

„Конкурсот за градење 1.355 станбени единици на областа на Јудеја и Самарија (називот кој го користи Израел за Западниот брег – з.р.), е објавен во согласност со одлуката на министерот за градежништво Зеев Елкин“, се наведува во соопштението.

Со новите станови, покрај оние чиешто градење властите ги најавија во август, на Западниот брег би биле изградени повеќе од 2.000 станови, за коишто претстојната седмица зелено светло мора да даде и министерството за одбрана.

„Јанкењето на еврејската присутност (на Западниот брег) е клучно за ционистичката визија“, изјави министерот Елкин, кој доаѓа од екстремно десната партија Тиква Хадаша (Нова надеж).

Новите станови ќе бидат градени во седум еврејски населби, и тоа: 729 во Ариел на северот на Западниот брег, 364 во Беит-Елу во близина на Рамалах каде е седиштето на Палестинската самоуправа и 102 во Елајна на северозападот од Западниот брег, се наведува во соопштението.

Израелската невладина организација „Peace Now“, која се спротиставува на градењето нови еврејски населби, ја осуди оваа најава тврдејќи дека „актуелната влада не е влада на промените“, како што се најавуваше при нејзиното формирање со кое беше отстранет најдолговечниот израелски премиер Бенјамин Нетанјаху.

Палестинскиот премиер Мохамед Штајех изјави дека меѓународната заедница „би требала да го принуди Израел да ја плати цената за агресијата врз палестинскиот народ, особено по одлуката за нов бран градење населби“.

„Кршење на меѓународното право“ реагираше Јордан во соопштението на тамошното министерство за надворешни работи.

На Западниот брег во моментов живеат околу 475.000 еврејски доселеници, а таму живеат и 2,8 милиони Палестинци.

Израелското населување на анектираните Западен брег и Источен Ерусалим е незаконско според меѓународното право, но по ткн „Шестдневна војна“ од 1967 година се спроведува во мандатите на сите досегашни влади, вклучително и актуелната.

Особено беше забрзано последните години од мандатот на премиерот Нетанјаху. Неговиот наследник Нафтали Бенет ја предводи шарената владејачка коалиција, од радикално десните до радикални лево ориентираните партии кои се застапуваат за замрзнување на процесот на населување.

Израелските медиуми истакнуваат дека објавувањето на оваа одлука доаѓа во моментот кога израелската влада истовремено презема активности чија цел е подобрување на животните услови за Палестинците, но притоа не се занимава со обидите да заживеат од пред неколку години замрените мировни преговори.