Израел најави продажба на противракетен систем на Финска, нова членка на НАТО

Израелското Министерство за одбрана во неделата објави дека е потпишан договор со Финска, нова членка на НАТО, за продажба на противвоздушниот одбранбен систем „David’s Slingshot“ (Давидовата прачка (чатал))

Во соопштението на министерството се вели дека „потпишан е договор за продажба на системот за прашка на Давид на Финска“, нарекувајќи го „историски“. Вредноста на договорот е 317 милиони евра.

Финска го зголеми буџетот за одбрана откако беше примена во НАТО на 4-ти април оваа година како 31-ва членка на алијансата.

Финска и Шведска земји ја напуштија својата долгогодишна декларатива неутралност, иако тесно со децени воено соработуваа со западните земји и со НАТО, за да аплицираат за членство во Алијансата минатата година, повикувајќи се на конфликтот во Украина. Финска усвои неутралност по Втората светска војна, во која беше сојузник со Оската. Шведска беше неутрална речиси два века, откако ја загуби Финска од Русија во Наполеонските војни.

Првично, двете скандинавски земји требаше да се приклучат на НАТО во исто време. Меѓутоа, приемот на Шведска беше одложена поради споровите со Унгарија и Турција.

„David’s Slingshot“ е систем за противвоздушна одбрана заеднички развиен од Израел и САД во 2009 година. Може да пресретне балистички ракети, крстосувачки ракети, авиони и беспилотни летала.

Набавката на овој систем се смета за неопходност за Финска за да го подигне нивото на својата противракетна одбрана до стандардите на НАТО и да го интегрира својот противвоздушен систем во противракетна одбрана на алијансата, што се должи на фактот што земјата е на дирекнтата линија на евентуална конфронтацијата меѓу НАТО и Русија.

Главниот изведувач на одбранбениот систем „David’s Slingshot“ е израелскиот концерн „Rafael Advanced Defense Systems“. Системот првпат беше официјално воведен во служба на израелската војска во 2017 година.