Израел на Голан ќе подигне населба наречена Трамп

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави во неделата дека на окупираната Голанска висорамнина е избрана населба којашто ќе го носи името на американскиот претседател Доналд Трамп.

„Ветив дека ќе основаме населба којашто ќе го носи името на претседателот Трамп. Сакам да ве известам дека веќе избравме место на Голанската висорамнина каде што ќе биде основана новата колонија“, рекол Нетанјаху на почетокот од редовната неделна средба на владата.

Нетанјаху во април најави дека израелската влада планира во следните 30 години да насели близу 250.000 луѓе на окупираната Голанска висорамнина. На Голан сега живеат околу 50.000 луѓе, од кои 22.000 се еврејски доселеници. Околу 18.000 Сиријци од етнорелигиозната заедница Друзи, одбиваат да земат израелско државјанство.

Со планот предвидено е да се изградат два големи града, Нетанјаху тогаш најави дека една населба ќе го добие името според американскиот претседател како благодарност, бидејќи на 25-ти март го призна суверенитетот на овој дел од окупираната сириска територија која Израел ја присоедини. Колониите, израелските цивилни населби на окупираните територии, се нелегални според меѓународното право.

Натенјаху рекол дека новиот план за градење за колонијата Трамп на Голан ќе го стави на гласање на новата влада кога ќе ја состави. Нему израелскиот претседател Реивен Ривлин на 17-та април му даде рок од четири седмици за составување на владата, но Нетанјаху има намера да побара уште две сдмици, до 29-ти мај.

Израел ја окупираше Голанската висорамнина од Сирија во 1967 година, во една од ткн Блискоисточна војна, ја анектираше во 1981 година во потехот кој 15-те постојани и повремени членки на Советот за безбедност го оцени како „ништовна и неважечка и без меѓународен правен ефект“.Советот за безбедност при ОН на Голан испрати мировни сили за безбедност UNDOF во 1974 година, за да го надгледуваат примирјето меѓу Сирија и Израел на Голанската висорамнина. Таму светската организација сѐ уште има контингент од 800 војници од ткн „сини шлемови“.