Израел напаѓа најмалку три болници во Газа, велат функционери

Официјални лица во Газа изјавија дека Израел напаѓа најмалку три болници или блиски на нив области во петокот, дополнително загрозувајќи го здравствениот систем преплавен од илјадници жртви и луѓе раселени од израелската војна во палестинската енклава.

„Израелската окупација изврши симултани напади врз голем број болници во изминатите часови“, изјави портпаролот на Министерството за здравство во Газа, Ашраф ал-Кидра за телевизијата Al Jazeera.

Според Кидра, Израел го гаѓал дворот на Ал Шифа, најголемата болница во градот Газа, и дека има жртви, но не наведе детали. Израел тврди рече дека радикалното исламистичко движење Хамас има скриени командни центри и тунели под Ал Шифа, обвинувања кои Хамас ги негира.

Израелската војска веднаш не ја коментираше изјавата на Кидра, која агенцијата Reuters не можела независно да ја потврди.

Воената кампања на Израел, како што тврди – за уништување на Хамас, започна откако милитантите го нападнаа јужен Израел на 7-ми октомври и трае веќе повеќе од еден месец. Болниците во Газа едвај се справуваат со жртвите, бидејќи на работ од целосно снемување се медицинските материјали, чистата вода и горивото за генератори поради исклучлената од Израел струја.

Министерството за здравство на Газа соопшти дека 18 од 35 болници во Газа и 40 други здравствени центри не се во функција поради штети од бомбардирањето или недостаток на гориво.

Палестинските медиуми во петокот објавија видео на Ал Шифа, кое ги покажува последиците од израелскиот напад на паркингот каде што раселените Палестинци се засолнуваа, а ги следат новинарите. До телото на маж кој е ставан на носилки може да се забележи локва крв.

„Со оглед на тековните напади и борби во близина на (Ал Шифа), ние сме сериозно загрижени за благосостојбата на илјадниците цивили таму, вклучително и многу деца, кои бараат медицинска нега и засолниште“, објави меѓународната невладина организација за човекови прарава Human Rights Watch на социјалната мрежа Х.

Кидра рече и дека педијатриската болница Ал-Рантиси и детската болница Ал-Наср „биле сведоци на серија директни напади и бомбардирања“ во петокот. Тој рече дека во нападите на периметарот на болницата Ал-Рантиси биле запалени возила, но пожарот бил делумно изгаснат.

Министерството за надворешни работи на Индонезија во петокот соопшти дека експлозиите во текот на ноќта во близина на индонезиска болница оштетиле делови од болницата лоцирана на северниот крај на тесната крајбрежна енклава. „Индонезија уште еднаш ги осудува варварските напади врз цивили и цивилни објекти, особено хуманитарни објекти во Газа“, се вели во соопштението на Министерството.

Израелската војска соопшти дека наводно има докази дека Хамас ги користи Ал Шифа и други болници, како што е индонезиската болница, за да ги скрие командните пунктови и влезните точки во широката мрежа на тунели под Газа. Во соопштението се вели дека не се насочени кон цивили и оти наводно дозволила некои ранети палестински цивили да преминат на лекување во Египет.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.