Израел нападна цели во Газа, сирени за опасност во Тел Авив

Израелските воздухопловни сили во средата втор ден со ред нападнаа цели на палестинското милитантно движење Исламски џихад во енклавата Појасот Газа при што загинаа четири лица, а милитантите возвратија со рекетирање на израелската територија поради што се огласија сирените за воздушна опасност и жителите на Тел Авив бегаа во засолништата.

Десетици ракети биле истрелани од Појасот Газа кон Израел, набрзо по новите израелски воздушни удари во кои загинаа четири лица на палестинската територија, со што бројот на жртвата од вторникот се зголеми на 19, пренесува агенцијата AFP.

Станува збор за најголемата ескалација меѓу палестинските вооружени групации и Израел од август 2022 година, известува агенцијата,.

Поради ракетирањето од Појасот Газа се огласиле сирените за воздушна опасност, а биле активирани и во регионот на комерцијалната израелска престолнина Тел Авив, на 60 километри северно од Газа, но и во градовите Сдерот, Ашод и Ашкелон. Засега нема извештаи за жртви или настрадани во Израел, иако медиумите објавија дека е погодена куќа во Сдерот. Итните служби, исто така, објавија дека не интервенирале.

Според израелски безбедносни извори, од Појасот Газа биле истрелани биле повеќе од 60 ракети за 45 минути. Израелскиот систем за противвоздушна пресретнал ракети над Ашкелон и на југот на Израел, јавија дописниците на AFP.

Одговорноста за ракетирањата на израелската територија ја преземала ткн заедничка команда на палестинските милитантни групи, извести Reuters.

Израелската војска соопшти дека се обидувала превентивно да ги погоди позициите од каде се лансираат ракетите, додека експлозиите се слушале од различни места, вклучително и од она што според соговорници на Reuters го опишале како камп за обука во северниот дел на Појасот Газа и отворена област на југот на енклавата.

Во Газа палестинското министерство за здравство потврди четири жртви во израелските напади во средата. Израел во вторникот покрена низа напади за кои вели дека биле насочени кон високи водачи на Исламскиот џихад кои ги смета за одговорни за планирање на нападите во израелските градови. Во вторникот во израелските напади беа убиени најмалку десет цивили, меѓу кои и деца, како и тројца високи команданти на милитантното движење.

„Немаме намера да чекаме додека ги лансираат (ракетите)… Доколку лансирањата може да бидат спречени или прекинати, доколку може да бидат погодени екипажите за лансирање, сето тоа во крајна линија го прави одвраќањето“, изјави израелскиот министер за безбедност Ави Диштер за радиото Kan по повторените напади во средата.

Претходно во средата, израелските сили убија двајца Палестинците кои отвориле оган врз нив во Кабатија, во другата палестинска енклава Западниот брег. Исламскиот џихад потврди дека двајцата убиени се нивни припадници.

Во Појасот Газа затворени се претпријатијата и училиштата, Израел своите две трговски и сообраќајни премини со Газа ги држи затворени. Со тој потег се запира влегувањето на стоки, горива и хуманитарната помош, како и пациенти кои се лекуваат во болниците на Западниот брег и во Израел.