(ВИДЕО) Израел нападна ирански цели во Сирија

Израелски борбени авиони нападнаа во понеделникот во Сирија цели на иранските сили Кудс, кои се огранок на Револуционерната гарда, и откако сириската армија возвратила на огнот, гаѓале и одбранбени системи на сириската војска соопшти израелската армија.

Сириските државни медиуми, повикувајќи се на армиски извори, пренесуваат дека загинале четири а ранети се шест сириски војници, како и дека делумно е нанесена штета на инфраструктурата на меѓународниот аеродром крај престолнината Дамаск. Сириски воен извор рекоа дека Израел покренал „интензивен напад преку последователни бранови со крстосувачки ракети“, но дека сириската одбрана уништила „повеќето од непријателските цели“.

Рускиот центар за одбрана во Сирија објави дека изралеската војска во нападот кој бил изведен ноќта кон понеделникот од 1,11 до 1,56 часот по македонско време, ја нападнала Сирија од три правца – западен, југозападен и јужен. Сириските сили на противвоздушната одбрана го одбиле нападот и уништиле повеќе од 30 крстосувачки проектили и наведувани авионски бомби.

Израелската страна тврди дека нападот бил одговор на наводен обид за напад од Голанската висорамнина. Израелската армија соопшти дека гаѓала „воени цели на Кудс во Сирија“, вклучително и магацини со муниција, локација на меѓународниот аеродром во Дамаск, иранска разузнавачка локација и ирански воен камп.

„Во текот на нападот лансирани се десетиции сириски проектили земја-воздух, и покрај јасните предупредувања да се избегнат такви судири. Како одговор, неколку одбранбени ракетни системи на сириската војска се гаѓањи“, се наведува во сириското соопштение.

Нападите во понеделникот рано претпладнето следеа по нападите од неделата кога Сирија соопшти дека одбила напад на израелските возухопловни сили.

Израел, пак, од своја страна истакнува дека пресретнал проектил лансиран од Голанската висорамнина. Израелската војска порача дека популарното скијачко место Маунг Хермон во делот од Голанската висорамнина кој го е окупиран од Израел, е затворено на еден ден. Додаваат дека другите дејствувања на сириската граница се „рутински“.

„Имаме константна политика, да ги гаѓаме иранските локации во Сирија и да им нанесеме штета на сите кои сакаат на ни наштетат нам“, изјави претходно минатата седмица израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Сирија и Израел имаат доглогодишен територијален конфликт поради статусот на Голанската висорамнина. Израелската страна повремено изведува удари на сириска територија, под изговор дека нема да дозволи снабдување со своремено оружје на израелските непријатели. Во прв ред станува збор за либанското шиитско Хезболах, кое војува на страната на сирискиот претседател Башар ал-Асад, како и ирански воени цели на сириската територија.