Израел не прифаќа документи со ознака држава Палестина

Израелските власти го блокираа влезот во Израeл за 70 пациенти од појасот Газа, на кои им беше потребна медицинска помош, бидејќи имале документи со ознака „држава Палестина“ а не како што до сега било „палестинска територија“.

До неодамна Палестинците користеа термин „палестинска територија“ но логото беше сменето на средината на декември, една година откако Палестинците добија статус на држава набљудувач во ОН и покрај противењето на Израел.

„Израелците спречија на граничниот премин Ерез да поминат 70 болни луѓе кои мораат да одат во израелската болница, бидејќи на нивната молба за трансфер  е напишано „држава Палестина““ изјави официјални лице од Палестина.

Тој додаде дека оваа недела е информиран дека Израел одбива да прифати таков документ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.