Во кумановска Палестина без канализација, асфалт и осветлување

Жителите на кумановска Палестина живеат без канализација, асфалт и осветлување. Жителите на место викано Палестина во село Долно Којнаре, кумановско, на прес – конферемција се пожалија оти се отсечени од цивилизацијата поради големиот број на комунални проблеми.

Тие на прес-конференција посочија дека градоначалникот Зоран Дамјановски и општина Куманово не  го асфалтирале патот во населбата, а немаат ни канализација и улично осветлување.

Жителите на кумановска Палестина се револтирани од градоначалникот Зоран Дамјановски-Циц за кого велат дека не исполнува ништо што досега има ветено.

Кумановците кои живеат во населбата Палестина преживуваат голгота. Како што рекоа, името на нивната населба кажува се оти тоа не е нормално место за живеење.

Во кумановска Палестина без канализација, асфалт и осветлување
Во кумановска Палестина без канализација, асфалт и осветлување

Со години бараме од градоначалникот да ни го асфалтира патот кој кога ќе заврне дожд се претвора во бара која не отсекува од цивилизацијата. Целата населба нема канализација. Го молевме градоначалникот безброј пати и тој во неколку наврати ни вети дека ќе не приклучи кон канализационата мрежа. Но, како што можете да видите ништо од сето тоа. До кога ќе чекаме? Срамота е за општината што толку години нема слух за нашите проблеми. Цело време живееме во страв бидејќи населбата нема улично осветлување, па навечер избегнуваме да се движиме. Како да живееме во среден век, изјави Јелена Трајковска, на денешната прес конференција.

Исто така, жителите на оваа кумановска населба, велат дека покрај тоа што живеат без канализација, асфалт и осветлување, голем проблем за нив е тоа што немаат имиња на улиците, ниту броеви за нив. Тоа им претставува големи тешкотии при вадењето на лични документи.

Трајковска вели дека градоначалникот ги посетува само за избори, но неговата негрижа тие нема да ја заборават.

Што треба да направиме за да живееме како нормални луѓе? Каде е градоначалникот да не посети, да покаже дека барем малку се грижи за жителите на оваа држава. Срамота е господине Дамјановски, доаѓате во Палестина еднаш во четири години само за да соберете гласови за ваш нов мандат, а после тоа како да не постоиме, истакнаа тие.

Граѓаните од Палестина му порачаа на Дамјановски дека овој пат неговата негрижа и незаинтересираност нема да му бидат заборавени.