Израел ноќеска ја бомбардираше Сирија

Израел ноќеска изведе воздушни напади на Сирија и тоа на воените позиции Мисјаф во централната покраина Хама.

Во нападот биле повредени тројца војници , објави денеска сириската агенција САНА. Сириски извори наведуваат и дека има загинати ирански војници , но овие информации не се потврдени.

Според сириската организација за човекови права , СОХР , има повредени 17 војници во нападите на Мисјаф и околните места , како и во центарот за проектили од среден дострел , каде имало ирански војници.

Дамаск и претходно го обвинуваше Израел за бомбардирање на иранските позиции и оние на либанскиот шиитски Хесболах.