Израел носи војска на границата со Газа, Хамас порачува дека ќе одговори

Израелската војска објави дека во понеделникот распоредува две дополнителни бригади на југот од земјата на границата со Појасот Газа и ги повикува резервистите откако од споменатата палестинска енклава е истрелана ракета која погодила куќа во централен Израел ранувајќи седум луѓе, а исламистичкото палестинско движење Хамас негира дека е одговорно за ракетирањето но порачува дека е подготвено да одговори на евентуална операција на израелските сили.

Израел го обвини Хамас, кој повеќе од десет години управува со Појасот Газа, дека е одговорен за лансирањето на ракетата која изминатата ноќ го погоди мошаве (земјоделска населба) Мишмерет, осумдесетина километри од Тел Авив. Седум Израелци се хоспитализирани со повреди од различна тежина.

„Хамас лансираше ракета од појасот Газа во насока на централниот дел од Израел. Станува збор за ракета на ова движења. Хамас е одговорен за тоа што случува во појасот Газа и лансирањата од таа територија“, напиша портпаролот на израелската војска Авахаји Едри на Twitter. Прецизира дека проектилот е истрелан од Рафа во јужниот дел од енклавата.

Според тврдењето на војската, ракетата ја произвел Хамас и има дострел 120 километри. Иако палестинските милитанти често истрелуваат ракети во израелските области кои ја опкружуваат Газа, но ретко се случува ракетите да погодуваат толку одаалечени области. Погодената населба Мишмерат од Појасот Газа е поголема од 100 километри.

Потоа воената портпаролка објави дека Армијата за одбрана на Израел, прекомандувала две дополнителни бригади кон секторот Газа, објави ограничена мобилиација на резервистите и целосно ја затворила границата со енклавата, прогласувајќи ја приграничната област за воена зона.

Малку подоцна портпаролот на Хамас за телевизискиот канал Al Arabiya ја отфрли одговорноста за ракетниот напад врз израелската територија изминатата ноќ. „Лансирањето ракети не е во интерес на движењето на отпорот во Газа“, го цитира телевизијата соопштението на водството на движењето.

Покрај тоа, египетското разузнавање, чиишто припадници дејствуваат како посредници меѓу Палестинците и Израелците, објави дека имало телефонски контакт со претставници на движењето во Газа со цел да се дознае кој точно стои зад ракетирањето. Како што, изјавиле „ракетите можеби биле лансирани по грешка“ поради невремето во регионот.

Во меѓувреме, милитаните палестински фракции меѓу кои и радикални групи во Хамас, ја изразија подготвенсота да одговорат на евентуална одмаздничка израелска воена операција во појасот Газа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.