Израел официјално дозволи патувања во Саудиска Арабија

Израел во неделата официјално им дозволи на своите државјани да патуваат во Саудиска Арабија поради верски или деловн цели, што е сигнал за проближување на ови две регионални сили кои имаат непријателско расположение кон Иран.

Израелците, јудаистите и муслиманите, досега можеа да патуваат во Саудиска Арабија поради деловни врски и аџилак преку трети земја, првенствено преку Јордан, кој е сместен меѓу двете земји и кој со Египет е единствента арапска земја која потпиша мировен договор со еврејската држава. Но Израел официјално никогаш не ги одобруваше таквите патувања.

Министерот за внатрешни работи Ари Дери „првпат потпиша одлука според којашто Израелците може да патуваат во Саудиска Арабија“, се наведува во соопштение од неговиот кабинет.

Врз основа на оваа одлука, донесена во договорот со безбедносните сили и дипломатите, ќе може да се издаваат дозволи за патување во Саудиска Арабија „во верски цели, на хаџ и на умра“, муслиманските аџилаци.