Израел порача дека не одредил рок за завршувањето на судирот во Газа

Израел во средата порача дека не ја одредил временската рамка за завршувањето на судирот со милитантите од Хамас во палестинската енклава Појасот Газа.

Палестински медицински функционери изјавија во средата дека во десетдневното бомбарирање на Газа загинале 219 луѓе, од кои повеќе од 60 се деца. Уништени се стотици згради, меѓу кои и болници, улици и друга инфраструктура и влошена е хуманитарната состојба во енклавата којашто и онака беше лоша. Изралеските власти објавија дека на нивна страна има 12 жртви, од кои две се деца.

Регионалните и американските дипломатски напори да се прогласи прекин на огнот се интензивираат, но сѐ уште не даваат резултат. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху не спомена можност за преки на судирот на брифингот со странските амбасадори во Израел, велејќи дека неговата земја со воената операција сака да ги спречи идните судири со Хамас.

„Не стоиме со стоперица. Сакаме да ги постигнеме целите на операцијата. Претходните операции траеја долго па не е возожно да се одреди временската рамка“, изјавил Нетанјаху на затворениот брифинг, дознаваат израелските медиуми.

Во нападот изведен ноќта кон средата кој траел 25 минути, Израел бомбарирал цели вклучително и тунели на југот на Појасот Газа кои ги користел Хамас, кој возврати со лансирање 50-ина ракети врз градот Ашдод и другите места во близина на границата.

Израел, кој за најновата ескалација на насилствата го обвинува Хамас, тврди дека објавува предупредување за да може да бидат евакуирани зградите пред да бидат нападнати и дека ги напаѓа само оние кои ги смета за легитимни воени цели. Но тврди дека некои болници, училишта и станбени згради Хамас ги користи како „жив ѕид“.

„Настојуваме да ги напаѓаме оние кои нѐ напаѓаат нас. Со голема прецизност“, им рекол Нетанхају на амбасадорите, истакнувајќи дека е невозможно да се избегнат колатералните штети.

Станува збор за најсериозното насилство последните години меѓу Хамас и Израел, кое предизвија и улични насилства меѓу Евреите и Арапите во другите градови во Израел.

Франција во вторникот побара од Советот за безбедност при ОН да се донесе резолуција за насилствата, но САД повторно се спротиставија на тоа тврдејќи дека „јавното искажување сега не би помогнало во смирувањето на кризата“, според дипломатите.

„Нашата цел е да се заврши овој судир. Од ден во ден ќе проценуваме кој е правилниот пристап. Тивките интензивни разговори зад кулисите и натаму се нашиот тактички пристап во овој момент“, изјави портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки во вторникто за новинарите.

„Египет и посредниците на ОН, исто така, ги засилија дипломатските напори, а Генералното собрание на ОН за судирот ќе дискутира во четвртокот.

Израелскиот државен телевизиски канал N12 TV news, повикувајќи се на неименувани палестински извори, објави дека Египет преку „тајни канали“ предложил борбите да бидат прекинати во четвток наутро.

Езат ал-Решик, член на политичкиот комитет на Хамас со седиште во Катар, соопшти во вторникот дека не се точни извештаите дека Хамас се согласил на каков и да е прекин на огнот.