Израел поради плагијат останува без Евровизија?

345

Компанијата Universal Music Studios од САД испратила предупредувачко писмо пред тужба тврдејќи дека победничката песна од Евровизија, „Играчка“ на Израелката Нет Барзила е копија на хитот „Seven Nation army“ од 2003 година на групата „White stripes“.

Како што пренесуваат израелските медиуми, една од најголемите светски музички компании писмото го испратила до Дорон Медалие и Став Бегер кои заеднички ја компонирале „Играчка“.

Ако тврдењата на Американците дека се повредени авторските права се докажат на суд, Израел може да биде дисквалификуван и да му се одземе победата, како и правото да биде домаќин на Евровизија во 2019 година, објави израелската телевизија Хадашот њуз. Според правилата на Евровизија, песните мора да бидат оригинални.

Многумина претходно напоменува дека двете песни се слични, но адвокатите на американската музичка компанија тврдат дека сличностите во ритамот и хармонија претставуваат кршење на авторските права.

Новинарот на „Харец“, Бен Шалев напиша во март дека „Играчка“ потсетува на песната „Seven Nation army“, изразувајќи надеж дека писателот Џек Вајт нема да ја слушне пред натпреварот, бидејќи би можел да поднесе тужба.

Композиторот Медалие, кој ја потврди веста за можната тужба, патува денеска во САД денес за да се обиде да ја реши голема криза. Тој и неговиот колега биле изненадени од писмото, но веруваат дека можат да постигнат договор.

Официјалните лица на Universal Music Studios, пак, се многу одлучни да ја истераат работата до крај.
Тие велат дека дури и ако се постигне договор, Европската радиодифузна унија може да каже дека песната не е оригинална и дека како таква не била квалификувана за натпреварот.

Ова е последна пречка што се појави, а која би можела да го спречи Израел да биде домаќин на натпреварот следната година откако имаше повика на бојкот ако Евровизија се одржи во Ерусалим.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.