Израел пред повторување на изборите, откако Нетанјаху навреме не направи коалиција

Израелските пратеници гласаа во четвртокот по локално време за да го распуштат парламентот и да ја насочат земјата кон втори парламентарни избори за неколку месеци, откако мандатарот Бенјамин Нетанјаху не успеа да договори владејачка коалиција пред роко, кој му истече на полноќ.

Нетанјаху во април, иако се соочува со можно обвинение за корупција, го дони петиот мандат откако неговата партија Ликуд освои 35 од 120 места во Кнесетот. Тој негираше секаква злоупотреба на поицијата и ги обвини своите политички противници за „лов на вештерки“.

Меѓутоа, и покрај повеќенеделните преговори, Нетанјаху не усепа да ги надмине поделбите меѓу секуларните и верските сојузници, па парламентот во раните утрински часови со резултат 74 наспроти 45 гласаше за распуштање на Кнесетот.

Според предвидувањата, повторените парламентарни избори во Израел би можело да се одржат во септември.