Израел развива глобален сајбер штит за спротиставување на кибернетичките закани

13

Израел започнал со развивање на глобален кибернетички штит за спроставување на опасностите од кибернетички напади во интернет просторот, изјави во средата израелскито премиер Нафтали Бенет на конференцијата „ Cyber Week“ на Универзитетот Тел Авив.

„Израел развива глобален кибернетички штит“, рече Бенет и додаде дека станува збор за „онлајн заштита на глобалната мрежа во реално време“.

Бенет истакна дека во рамките на иницијативата „партнерските влади на земјите истомисленици“ во целиот свет „заеднички ќе ги идентификуваат заканите во сферата на кибернетичката безбедност“, како и „развој на решенија за истражување и истражување на сајбер-нападите, создавајќи ‘вакцина’ за кибернетичките закани“.

„Доколку се обидете да се борите самите, ќе изгубите. Доколку се бориме заедно, ќе победиме“, оцени Бенет.

Израелскиот премиер притоа ги покани сите „добри држави“ да ги обединат напорите во борбата со кибернетичките закани.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.