Израел сака да ја одржи соработката со Русија

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во средата изрази желба да ја зачува соработката во сферата на безбедноста со Русија во Сирија, во пресрет на својата нова посета на Москва и средба со рускиот претседател Владимир Путин.

„Нашите средби се секогаш важни, а оваа особено. Во светлината на она што во моментов се случува во Сирија, неопходно е да се осигури континуирана соработка меѓу руската војска и ИДФ (израелските одбранбени сили – официјален назив за израелската армија – з.р.)“, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху пред заминувањето за Москва која ја посети и во јануари годинава.

Медиумите претпоставуваат дека судирот меѓу Израел и Иран поради иранската воена присутност во Сирија, најверојатно, ќе биде главната тема на разговорите меѓу Нетанјаху и Путин. Нетанјаху претходно седмицава предупреди дека Иран настојува да осигури трајно воено присуство во Сирија за да може да го нападне Израел кога ќе заврши граѓанската војна.

Во вторникот израелската војска соопшти дека е во „зголемена боева приправност“ за напад а исторемено ги отвори за населението на пограничната окупирана Голанска висорамнина поради „нерегуларни активности на иранските воени сили во Сирија“. Потоа официјален Дамаск соопшти дека има две цивилни жртви во израелско ракетирање врз сектор во близина на сириската престолнина, за кои израелските медиуми тврдат дека биле ирански воени цели, но Израел не го потврди нападот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.