Израел се простува од Шарон

Израелците денеска му одаваат чест на поранешниот премиер Ариел Шарон, чиј ковчег со телото е изложен во зградата на парламентот.

Завиен во бело-синото израелско знаме, ковчекот со неговото тел ќе биде изложено во зградата на парламентот Кнест во Ерусалим од 10 до 18 часот.

Шарон почина вчера во 86 година од животот, откако мина осум години во кома по претрпен мозочен удар.

За понеделник е планирана комеморација со присуство на израелски и светски лидери. На комеморацијата ќе присуствува американскиот потпретседател Џо Бајден, поранешниот британски премиер Тони Блер, чешкиот премиер Јиржи Руснок, шефот на германската дипломатија Фрнак Валтер Штајнмајер и други официјални лица, јавува Асошиејтед прес.

Потоа Шарон со воен конвој ќе биде пренесен на неговиот ранч во пустината Негев на југот на Израел каде ќе биде погребан до својата покојна сопруга Лили.