Израел склучи договор за набавка на американско оружје за неколку милијарди долари

Израел објави дека постигнал дововор за воорижување со САД во износ од неколку милијарди американски долари, во кој е вклучена и набавката на авионите за точење гориво во воздух на „Boeing“.

Израел со американската администрација договори купување на 12 хеликоптери од моделот „CH-53K“ на производителот „Lockheed Martin“ и два транспорни авиона за воздушно точење гориво „KC-46“ на „Boeing“, пренесува германската новинска агенција DPA.

Вкупната вредноста на зделката се проценува на три милијарди долари. Првите хеликоптери би требало да бидат испорачани во 2026 година а израче неодамна барал од САД га ја забрзаат испораката на авиони за воздушни точење, објави весникот The New York Times.

Моменталната флотила на израелските воздушни танкери е постара од 50 години, додава весникот. Новите „KC-46“ на Израел би му дале поголем досег и способности, бидејќи овие авиони и самите можат да примаат гориво во лет.

Тоа би било клучна предност при евентуален напад врз нуклеарните потенцијали на Иран, за што Израел се подготувува повеќе од деценија и се заканува дека ќе го стори и без консултации со САД. Но Вашингтон тврди дека првите такви авиони не можат да бидат испораани предкрајот на 2024 година.

The New York Times пишува и дека авионите ќе бидат платени со средствата на американските даночни обврзници, односно со пресметката за годишната воена помош на САД за Израел. Вашингтон минатата година на Израел му додели 3,8 милијарди долари помош, главно за воени цели.

Оваа годишна обврска беше воведена во мандатот на поранешниот демократски американски претседател Барак Обама кој во 2016 година ги потиша десетгодишниот договор за помош во вкупна вредност од 38 милијарди долари.