Израел уапси 40 Палестинци

Израелската армија утрово соопшти дека уапсила повеќе од 40 Палестинци на Западниот брег со што продолжува потрагатра по тројцата ученици кои исчезнаа пред скоро една недела. Со оваа бројка од утрово, бројот на притворени палестинци изнесува повеќе од 200, главно активнисти на Хамас. Ова е едно од најголемото апсење на ативисти на Хамас, наведува Асошиејтед прес.

Најновите апсења биле во градот Наблус, на северот на земјата, со што е проширена потрагата, која била фокусирана само на јужниот град Хеброн. Меѓу уапсените има и членови на Фатах.

Израелската војска соопшти и дека борбените авиони нападнале и четири места за производство и складирање на оружје во појасот Газа.