Израел успешно лансираше разузнавачки сателит

Министерството за одбрана на Израел  објави дека успешно лансирала нов сателит- шпион, за кој Министерството соопшти дека ќе обезбеди висококвалитетен надзор за военото разузнавање. Израел постојано ги градеше своите способности за набљудување за да ги следи непријателите како Иран, чија нуклеарна програма ја смета за голема закана.  Првите слики од сателитот се очекуваат за околу една недела. „Ќе продолжиме да ги зајакнуваме и одржуваме способностите на Израел на секој фронт, на секое место“, рече секретарот за одбрана, Бени Ганц.