Израелците се подготвуваат за карантин во песрет на празниците

Израелците во понеделникот со гнев и запрепастување реагираа на неизбежното затворање на земјата којашто ја има една од најголемите стапки на зарази со новиот коронавирус во светот.

Откао премиерот Бенјамин Нетанјаху најави тринеделен карантин кој започнува во петок, Израелците сметаат дека владината одлука не е фер, откако не беа забранети големите собирања во синагогите, на венчавките и другтие настани, и затоа што тие сега не можат да ги прослават празниците со своите семејства.

Замјата ќе биде затворена неколку часа пред почетокот на празниците, еврејската Нова година Рош Хашана, Јом Кипур (Денот на помирувањњето) и празникот Сукот во текот на кој Евреите се присетуваат на периодот од 40 години кои нивните претци ги минале во пустината живеејќи во колибите изработени од попатно најдените материјали.

И додека Израелците главно ги прифатија строгтие карантински мерки кои беа воведени во март, овојпат се фрустрирани од начинот на кој е управувана здравствената криза, од отворањето на компаниите и училиштата во мај.

Ѝ забележуваат на владата дека не ги спроведувале упатствата и не ги казнувале оние кои не носеле маски или организирале собири со стотици лица, па сега прибегнува кон „колективно казнување“. Сметаат и дека вториот карантин ќе биде „вистинска катастрофа“, бидејќи септември го означува и почетокот на академската година.

По Бахреин, Израел во моментов ја има најголемата стапка на зараза со вирусот SARS-CoV-2 во светот. Изреал, кој има девет милиони жители, има 156.823 случаи на заразата, а досега починале 1.126 луѓе.