Израелците сепак нема да можат да патуваат во Саудиска Арабија

Саудискиот министер за надворешни работи принцот Фејсал бин Фахран ал-Сауд

Носителите на израелски пасош не може да патуваат во Саудиска Арабија, изјави саудискиот министер за надворешни работи принцот Фејсал бин Фахран ал-Сауд, пренесува во понеделникот телевизијата CNN, ден по информацијата која ја објави Израел во неделата дека неговите државјани може да патуваат во оваа сунитска монархија.

Во неделата израелскиот министер за внатрешни работи Ари Дери „првпат ја потпиша одлуката според којашто Израелците може да патуваат во Саудиска Арабија“, што беше сфатено како нов знак за приближување меѓу двете регионални сили, сојузници на САД и смртни непријатели на Иран.

Израелците, јудаистите и муслиманите, досега можеа да патуваат во Саудиска Арабија поради деловни врски и аџилак преку трети земја, првенствено преку Јордан, кој е сместен меѓу двете земји и кој со Египет е единствента арапска земја која потпиша мировен договор со еврејската држава. Но Израел официјално никогаш не ги одобруваше таквите патувања.

„Нашата политика не е променета, немаме врски со Државата Израел и носителите на израелски пасош не можат засега да патуваат во монархијата“, изјави шефот на саудиската дипломатија, принцот Фејсал бин Фархан ал-Сауд, во разговорот за CNN, пренесува мрежната страница на телевизијата на арапски јазик.

Одлуката на израелските власти треба да овозможи издавање дозволи за патувања во Саудиска Арабија „во верски цели по повода хаџ и умра (муслимански аџилаци) и поради учества на деловни состаноци и во тражење инвестиции“.

Ријад нема официјални дипломатски врски со еврејската држава. Арапските земји решавањето на палестинското прашање, како услов на нормализација на односите со Израел.

„Мислам дека за прашањето за влегување на Израел во регионалното опкружување ќе се разговара кога Палестинците и Израелците ќе потпишат мировен договор“, додаде принцот Фејсал, одбивајќи да ја коментира иницијативата на американскиот претседател Доналд Трамп, неведува CNN.

Палестинците ја повикаа меѓународната заедница да го блокира новиот американски план за решавање на израелско-палестинскиот конфликт, оценувајќи дека американскиот претседател е премногу наклонет на Израел.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.