Израелска организација ги критикува ОН за игнорирање на маките на раселените Израелци

Израелската група за права Шурат ХаДин и 2.300 раселени Израелци напишаа писмо до Високиот комесаријат за бегалци на ОН, критикувајќи ја агенцијата за бегалци дека ги игнорирала маките на стотици илјади израелски внатрешно раселени лица.

Групата и бегалските семејства велат дека ништо не е направено за да се исполнат принципите на УНХЦР за „не оставање никого зад себе“ и градење „ефективни пристапи за отпорност“.

Околу 130.000 Израелци се евакуирани, а уште околу 120.000 Израелци доброволно ги напуштија северните и јужните погранични области кои беа предмет на напади од Хамас и Хезболах.

Семејствата, исто така, го осудуваат фактот дека агенциите на ОН им помагаат на палестинските бегалци во Газа раселени поради војната, но не и на нив.

„Не вложивте напори јавно да протестирате за нивната мака, ниту побаравте седница на Генералното собрание на ОН на оваа специфична тема, ниту пак побаравте донации за помош за Израелците на меѓународно ниво, ниту пак презедовте какви било чекори за да се осигура безбедноста на израелските семејства во оваа воена зона, пишуваат семејствата.

„Можеме само да извлечеме  заклучок дека ги игнорирате околностите, опасноста и траумата на Израелците затоа што тие се Евреи, а не муслимани од Газа и затоа не се достојни за вашите напори или заштита.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.