Израелската влада и судот не се согласуваат околу еврејската молитва на спорно светилиште

Израел го потврди во неделата долгогоридишниот договор со муслимаската управа со кој се забранува милитвата Евреите во спорното светилиште во Ерусалим, спротивно на мислењето на нижиот израелски суд кој ја доведе во прашање законитоста на полицската постaпка со нарушителите.

Kомплексот на џамијата Ал Акса, третото по важност свето за муслиманите кое го нарекуваат Платото на џамијата а Евреите Ридот на храмот во ерусалимскиот Стар град. Кралстовото Јордан со мировниот договор со Израел од 1994 годинадоби дозвола да се грижи за муслиманските свети места на Ридот на храмот во Ерусалим.

Овој простор е сцена на големи тензии откако израелските власти во август 2015 година наметнаа ограничување за влез на палестинските верници во комплексот на џамијата ал-Акса, по инцидент кога милитантни се сокрија во него. Палестинците, пак, стравуваат дека ултраортодоксните Израелци ќе го обноват древниот еврејски храм.

Платото на џамијата Ал Акса во источен Ерисалим, место коешто Евреите го почитуваат како место и остаток од нивните два древни храма и го нарекуваат Ридот на храмовите, е жариште на израелско-палестинските конфронтации. Со децени статус-квото се одржува така што Израел им овозможува на Евреите и јудаистите да го посетат местото под услов да не одржуваат таму верски обреди.

Тројца еврејски малолетници, на коишто полицијата им наредила 15 дена да не ѝ приоѓаат на џамијата откако влегле во неа и започнале молитва во текот на разгледување на комплексот, ја оспореија забраната пред ерусалимскиот прекршочен суд, а судот во неделата одлучи во нивна полза.

Полицијата тврди дека нарушителите ја попречувале работата на полицајците и го загрозувале јавниот ред и мир. Но судијата Цион Сајараи, напомнувајќи дека нема намера да се меша во спроведувањето на законот, рече деа не „предизвикале опасност за националната и јавната безбедноста, ниту за сигурноста на поединци“.

Претседателот на Палестинската самоуправа издаде соопштение во коешто пресудата ја нарече „тежок напад врз историскиот статус-кво и голем предизвик за меѓународното право“.

Кабинетот на израелскиот премиер Нафтали Бенет рече дека на пресудата ќе биде поднесена жалбба на повискиот ерусалимски окружен суд.

„Старис-квото на Ридот на храмот не се провени ниту е планирано да биде изменето. Одлуката на судот за прекршоци се занимава само со прашањето на однесувањето на малолетниците, а не со поширокото прашање на слободата на практикувањето на верата на Ридот на храмот“, се толкува во соопштението на премиерот Бенет во кое се користи еврејскиот назив за локацијата.