Израелската војска објави дека има „оперативна контрола“ над пристаништето во Газа

Израелската војска во четвртокот тврдеше дека ја презела „оперативната контрола“ над пристаништето Газа, важна инфраструктура на северот на палестинската територија, на 41-от ден од војната меѓу Израел, како што се тврди, со исламистичкото движење Хамас.

Во заедничка операција на оклопните и поморските сили „деновиве“ е преземена оперативна контрола над пристаништето во Газа, кое беше под контрола на терористичката организација Хамас, се вели во соопштението на армијата. Се тврди и дека палестинското движење го користела „како центар за обука на своите специјални поморски единици за планирање и извршување терористички напади на море“.

Војната започна кога Хамас започна незапаметен одлично координиран, масовени и свиреп напад на јужните израелски воени бази, населби и градови на 7-ми октомври. На израелска страна тој ден се убиени околу 1.200 луѓе, од кои најмалку 900 се цивили, според властите. Во одмазничките операции Израел континуирано го бомбардира Појасот Газа, кој е речиси целосно опколен. Во израелското бомбардирање загинаа 11.500 луѓе, главно цивили, меѓу кои 4.710 деца, објави владата на Хамас, бројки коишто ги потврдуваат хуманитарните агенции на Обединетите нации.

По известувањето дека го обиколува северот на територијата, израелската армија соопшти дека се бори во самиот центар на градот Газа и деновиве објави дека презела контрола врз неколку институции на исламистичкото движење: парламентот, владините згради и воената полиција. На социјалните мрежи блиски на израелската војска беше во средата објавена снимка од минирањето и целосно уривање на палестинскиот парламент во Газа.

Исламистичкото движење ја минимизираше информацијата, велејќи дека зградите не биле заземени, туку претходо биле „испразнети“.

Израелските сили интервенираат и во болниците во Газа, за кои Израел тврди дека Хамас крие оружје и ги користи како команден штаб. Така, во четвртокот израелската армија продолжи да навлегува во најголемата болница во Газа – „Ал-Шиф“, каде што се засолнат илјадници палестински цивили, што предизвика огромна загриженост и критики на меѓународно ниво.