Израелската војска пресретнала две ракети истрелани од Појасот Газа

Израелската војска сооопшти денеска дека пресретнала две ракети лансирани од Појасот Газа кон јужниот град Ашод.

Ракетниот напад го прекинал предизборниот собир на партијата Ликуд на кој зборувал премиерот Бенјамин Нетанјаху, пренесуваат американските медиуми.

Припадниците на обезбедувањето експресно го обезбедиле и сокриле премиерот на сигурно место, но тој по само неколку минути се вратил на собирот и продолжил со говорот пред присутните приврзаници.

Нема повредени во инцидентот.

Засега никој не ја презеде одговорноста за лансирањето на ракетите.