Израелската војска се повлекува од болницата „Ал Шифа“, извести AFP

Војниците и израелските тенкови се повлекувале во средата вечерта од болничкиот комплекс „Ал Шифа“ во градот Гаа за да се прегрупираат околу големиот комплекс, кој, според тврдењето на Израел, им служел на борците на палестинскот исламистичко движење Хамас како подземна воена база, известува новинар соработник на AFP.

Во средата рано утрито израелска војска ја започна „насочената операција“Ж во болничкиот комплекс, во кој што според податоците на Обедиентите нции се наоѓаат околу 2.300 луѓе, меѓу кои и пациенти, медицински персонал, но и раселени цивили коишто таму се засолнител од израелските бомбардирања.

На прашање на AFP израелската војска засега не ја коментирала информацијата на соработникот на агенцијата од теренот за повлеквуањето од болницата.

Според новинарот, израелската војкса испитувала десетици цивили коишто подоцна и пуштила.

Хамас, но и меѓународните хуманитарни организации, ги негира тврдењата дека неговите луѓе се присутни во болнцата „Ал Шифа“. Исто така, Гамас рече дека се исценирани снимките кои ги емитуваше израелската војска за наводно открен воен команден центар на движењето под болницата.