Израелски министер смета дека Трамп дал сигнали за можна палестинска контрола на дел од Ерусалим

Министер во израелската влада изјави во петокот дека формулацијата којашто американскиот претседател Доналд Трамп ја употреби при признавањето на Ерусалим како израелска престолнина сугерира отвореност за евентуална палестинска контрола над дел од градот, иако рече дека Израел ќе се спротистави на тоа.

Прифаќањето на Доналд Трамп на Ерусалим за главен град на Државата Израел ја прекина децениски долга политика на САД и покрај законот од доцните 1990-те кој го донесе американскиот Конгрес. Неговата објава од средата го разгневи арапскиот свет и го возбуди западните сојузници. Меѓутоа, исто така, изјави дека Вашингтон не ги усвојува ставовите за прашањето за „конечниот статус“, вклучително и границите на израелскиот суверенитет во Ерусалим, кој двете страни мора да го договорат на преговорите.

„Тој дури сигнали дека границите во Ерусалим ќе бидат одредени како резултат на преговори, што претпоставува опција на поделба“, изјави Зеев Елин, кој во владата на Бенјамин Нетанјаху е задолжен за прашањата на Ерусалим.

Американските претседатели досега се воздржуваа да го прогласат Ерусалим за израелски главен град, и покрај израелските притисоци, во желба да останат неутрални во мировниот процес. Статусот на Ерусалим е прашањето на сите прашања во изралеско-палестинскиот ировен процес.

Израел во ткн Шестдневна војна од 1967 година го зазема источниот арапски дел на Ерусалим. Во 1980 година Израел Ерусалим го прогласи за своја историска и недделива престолнина, и во западен Ерусалим ги пресели седиштето на претседателот, на премиерот, Кенсетот (парламентот) и речиси сите министерства.

Советот за безбедност при ОН ја прогласи оваа израелска одлука за ништовна и меѓународната заедница не го признава израелскиот суверенитет над источен Ерусалим, како и на Западниот брег (на реката Јордан). Сите земји коишто ја имаат признаено Државата Израел своите амбасади ги имаат отворено во Тел Авив.

Палестинците, пак, го посакуваат источен Ерусалим за престолнина на својата идна држава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.