Израелски полицајци убиле невооружен Палестинец со посебни потреби

Израелски полицајци смртно застрелале во саботата невооружен Палестинце во потера во Страриот град на Ерусалим, соопшти израелската полиција.

Жртвата е жител на Источен Ерусалим, главно населен со Палестинци, во 30-те години и со посебни потреби, извести палестинското радиоќ

Граничните полицајци почнале да го гонат мажот и отвориле оган мислејќи дека има пиштол, но потоа се покажало дека носел мобилен телефон, пренесе израелското воено радио.

Според очевидци, еден од двајцата полицајци кои учествувале во потерата продолжил да пука, дури и откако неговиот колега му кажал да престане. Полицијата отворила истрага за инцидентот.

Израелскиот опозициски лиде Јаир Лапид изјави дека е „тажна смртта на младиот човек со посебни потреби“. „Цел Израел во знак на срам треба да ја наведне главата. Ова не е нашиот налин“, објави во твит.

Претходно во петокот израелски војници убија Палестинец кој се обидел со автомобил да се забие во група израелски војници близу Халамиш на Западниот брег, соопштија израелските власти додавајќи дека нема повредени меѓу војниците.