Израелски пратеници бараат иселување на жители на бедуинска населба

Двајца влијателни пратеници во израелскиот Кнесет (парламентот) во понеделниот побараа иселување на жителите на бедуинска населба близу Ерусалим и повторно го разгореа долгогодишниот спор околу таа локација и го повикаа премиерот Бенјамин Нетанјаху да се спротистави на меѓународниот притисок.

Населбата Кан ал-Амар со години се наоѓа во средиштето на спорот околу земјиштето на Западниот брег (на реката Јордан), којашто меѓународната заедница која оваа палестинска енклава ја смета за окупирана територија од Израел во времето на ткн Шестдневна војна во 1967 година, и вклучително со Европската унија ги повикуваат израелските власти насилно да не ги иселуваат тамошните жители.

Новиот притисок населението од споменатата населба да биде деложирано дојде со изборот на новата влада во којашто влегоа националистичките десничарски партии, кои сакаат да ги прошират еврејските доселенички населби на Западниот брег.

„Сите потребни дозволи се на масата, вклучително и одобрувањето на Врховниот суд во Израел, само останува министерот за одбрана и премиерот да донесат решение“, изјави Јули Еделштајн, пратеник во Кнесетот и челник на парламентарната комисија за надворешни работи и одбрана, кој му се придружи на Дани Данон, член на Ликуд, партијата на Нетанјаху, и поранешен амбасадор при Обединетите нации.

Врховниот суд во 2018 година, по повеќегодишни правни спорови, пресуди во полза на иселувањето на жителите од споменатата населба изградена без градежни дозволи. Палестинците тврдат дека за нив тие дозволи практично е невозможно да се добијат.

Израелските влади изминатите речиси пет години се воздржуваа да ја спроведат одлуката за иселувањето по апелот на меѓународната заедница да не иселуваат тамошните жители, кои велат дека нивните семејства на тоа подрачје живеат од 1950-те години.

Палестинците, исто така, тврдат дека целта на притисокот е да се испразнат тие области за да се овозможи проширување на еврејските населби на Западниот брег за кои тие сакаат да биде јадрото на идната палестинска држава.

„Целта е да се испразни земјата и таа да им се даде на доселениците“, изјави за медиумите Еид Џахалин, старешина на населбата Кан ал-Амар.