Израелски воени авиони гранатирале повеќе локации на северот од Газа

Израелски воени авиони гранатирале повеќе локациии на северот од Појасот Газа, но засега нема информации за човечки загуби, јавија светските агенции.

Воените авиони извршиле напади источно од градот Бејт Ханун, источно од градот Газа, и северно од градот Бејт Лахи, а сите се наоѓаат во северниот дел од Појасот Газа, јави палестинската агенција Вафа.

Израелските сили тврдат дека нападот следел како одговор на ракетите истрелани од Газа врз населба во близина на границата меѓу Израел и Газа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.