Израелскиот амбасадор направи „стој на раце“ кај Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски денеска во својот кабинет имал интересна средба со израелскиот амбасадор Дан Орjан.

„Оваа фотографија, „стој на раце“ со израелскиот амбасадор Дан Ориан, нека биде мотив и причина повеќе зашто вежбањето е многу важно, а најчесто и забавно“, објави Пендаровски на Фејсбук.

Објавувајќи ја истата фотографија подоцна на својот Фејсбук профил, објаснувајќи дека за овој чекор се решил во насока на промоција на изложбата „Скокаме заедно“, со која се подржува инклузија во општеството.

„Доколку морам да стојам на раце за да ја промовирам идејата за инклузија и партнерство со луѓето со попреченост, подготвен сум повторно да го направам тоа“, објави на својот фејсбук профил амбасадорот на Израел.