Израелскиот парламент го одби договорот со кој би се избегнале изборите

Пратениците во израелскиот Кнесет (парламентот) во вторниот рано утрото го одбија предлогот за буџетот на државата, со што ги зголемија шансите за распуштање на парламентот и распшување нови избори, кои ќе бидат четвртите за неполни две години.

Претходно пропаднаа трите обида на изборите да се добие јасен победник меѓи премеирот Бенјамин Нетанјаху и понарешниот врховен командант на израелските вооружени сили Бени Ганц. По новното последно соочување во март годинива, двајцата одолговлекуваат со состанувањето на владата на „националното единство и итната потреба“, но на крајот ја прекинаа најдолгата политичка криза во историјата на Државата Израел, за да се соочат со здравствената криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

Во март Нетанјаху и Ганц договрија нивно сменување на премиерската должност на половина од мандатот, и дека владата ќе го донесе двегодишниот буџет за 2020 и 2021 година. Меѓутоа, Ликуд, партијата на Нетанјхау, предложи да се гласа за два различни буџета, што го одби партијата на Ганц – „Сино-бело“. Ова досега нерешено прашање стана слабата точка на коалициската влада, и според написите во израелските медиуми, ги покажува големите тензии меѓу Нетанјаху и Ганц.

Крајниот рок за изгласување на буџетот е среда 23-ти декември. Доколку дотогаш не биде донесен буџетот, Кнесетот автоматски ќес е распушти и новите избори би требало да бидат распишани за крајот на март 2021 година.

Обидувајќи се да ја разреши кризата, партијата на Ганц малку пред полноќ да се одржи ново гласање за да може рокот за носење на буџетот за 2020 година да се одложи до 31-ви декември, а на оној за 2021 година до 5-ти јануари. Но во текот на гласањето веднаш по полноч, 49 пратеници гласаа против предлогот, а 47 беа „за“. Сега израелските пратеници до крајот на денот треба да постигнат нов договор, доколку не сакаат да одат на нови избори.

„Не сакаме нови избори (…), но доколку ни ги наметнат, ќе победиме“, изјави премиерот Нетанхају.