Израелските медиуми за разрешувањето на Мизрахи

Парламентот на Северна Македонија гласаше за разрешување на министерка во владата, откако таа се појави на две конференции за медиуми пред табла со старото име на земјата, Република Македонија, пишува дневниот весник The Times of Israle.

Во написот се наведува дека Оливер Спасовски, кој е технички премиер назначен минатиот месец, рече дека препорачал смена на министерката за труд и социјална политика, Рашела Мизахи, затоа што „намерно и свесно ги крши законите и уставот“ и ја „загрозила“ евро-атлантската иднина на Северна Македонија .

По шестчасовната жестока расправа што заврши пред зората, пратениците гласаа 62-26 за да ја разрешат Мизрахи од министерската позиција во труд и социјала, избрана за предвремените избори закажани за април.

Рашела Мизрахи негираше дека направила нешто незаконски и лошо, пред пратениците во саботата рече дека нејзиниот претходник во Министерството за труд никогаш не ја отстранил старата табла откако новото име на земјата е Северна Македонија и стана официјално во февруари 2019 година.

Весникот The Times of Israel одбележува дека таа, исто така, соопшти дека е предмет на многу „антисемитски“ напади, како и дека израхи е првиот владин министер на Македонија со еврејско потекло.