Израелските сили убија двајца Палестинци одговорни за убиство на мајка и две ќерки

Израелските сили убиле во четвртокот двојца Палестинци кои во април во палестинската енклава Западниот брег (на реката Јордан) со примена на огнено оружје убија мајка и двете нејзини ќерки, британско-израелски државјанки, соопшти израелската безбедносна служба Шин Бет.

Се додава дека убиен е и третиот палестински екстремист, кој им помагал на двајцата напаѓачи, во рацијата којашто била изведена во градот Набулус, на Западниот брег кој меѓународната заедница го смета за окупирана палестинска територија од страна на Израел во ткн Шестдневната војна во 1967 година.

Палестинското министерството за здравство ја потврди израелската рација во Наблус имало три жртви. Неколку стотици луѓе се придружиле на погребната поворка по улиците на Наблус, додека палестинските милитанти пукале во воздух.

Палестинското екстремно движење Хамас, кое владее со другата палестинска енклава Појасот Газа но последните години добива сѐ повеќе милитантни приврзаници и на Западниот брег каде на власт е движењето Фатах на претседателот на Палестинската самоуправа, Махмуд Абас, потврди дека тројцата убиени се припадници на нејзиното вооружено крило и, исто така, потврди дека токму тие на 7-ми април ги убиле 48-годишната Луси Ди и нејзините две ќерки, 20-годишната Маја и 15-годишната Рина.

Портпаролот на Хамас, Хазем Касем, се закани со одмазда поради ликвидацијата на тројцата припадници на движењето кои биле забарикадирани во својата куќа во Наблус.

„Окупацијата ќе ја наплати својата цена за злосторствата против нашиот народ и денешните убиства“, се закани Касем.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху порача дека оние коишто ќе им нанесат зло на Израелците на крајот секогаш ќе бидат откриени.

„Не е важно каде се обидувате да се криете, ќе ве најдеме“, порача Нетанјаху.

Во засебен инцидент кај селото Хувара, Палестинка со нож ранила израелски војник кои потоа отворил оган. И втор израелски војник пукал во Палестинката, 26-годишната Иман Одех која била тешко ранета, но починала на пат до болница.

Од почетокот на годинава, повеќе од 100 Палестинци, главно припадници на разни милитантни групации, но и неколку цивили меѓу кои и деца, загинаа во судирите со палестинските безбедносни сили. Животите ги загубија и најмалку 18 Израелци и странски државјани, вклучително и деца од кои најмладото имало шест години.