Израелските сили убиле четворица вооружени Палестинци

Израелските сили убиле четворица вооружени Палестинци во енклавата Западниот брег (на реката Јордан), која меѓународната заедница ја смета за окупирана палестинска територија од Израел во ткн Шестдневна војна во 1967 година, со што продолжува веќе шестмесечниот кампања на рации предизвикани со низата смртоносни напади на улиците на израелските градови.

Израелските командоси, од кои дел на тајна задача, биле испратени во градот Јенин за апсење двајца Палестинци осомничени за поставување заседи, објави израелската полиција. Палестинците, почнале да пукаат и активирале бомба, а потоа се убиени во престрелка, се додава во соопштението.

Рацијата предизвикала судири во другите делови на Јенин, кој заедно со соседниот град Наблус, беше во фокусот на акцијата на израелските сили. Ранети се околу 40 Палестинци, според медицински извори.

Вооружените радикални фракции Исламски џихад и Бригадите на мачениците на ал-Акса, изјавиле дека четворицата убиени се нивни припадници. Еден од нив работел за безбедносните служби на Палестинската самоуправа, која има ограничена власт на Западниот брег.

„Многу ни се потреби припадниците на безбедносните служби. Објавите борба и ние ќе бидеме ваши војници. Овој непријател ги познава само јазикот на огнената моќ“, наведе главната група на локалните милитанти во отвореното соопштение упатени до претседателот на Палестинската самоуправа, Махмуд Абас.

Израел и САД вршат притисок врз Палестинската самоуправа да стори повеќе на јакнењето на безбедноста, всушност да се справи со радикалните милитанти. Махмуд Абас го обвинува Израел дека со своите акции ги поткопува кредибилитетот на Палестинската самоуправа.

„Не се колебавме да одиме онаму каде палестинските власти не отидоа да ги спроведат апсењата“, изјави за радиото Ynet Рам Вен-Барак, претседателот на Комисијата за надворешни работи и одбрана на Кнесетот, односно израелскиот парламент.

Меѓу убиените напаѓачи од Јенин бил братот на Палестинецот кој во април уби три лица во Тел Авив, во еден од серијата напади во кои беа убиени вкупно 19 луѓе, на што Израел одговори со специјална операција. Од тогаш се убиени повеќе од 70 Палестинци, меѓу кои и вооружени напаѓачи и цивили.

Мировните преговори со посредство на САД, кои првично имаа план за воспоставување на палестинска држава на Западниот брег, Појасот Газа и источен Ерусалим, пропаднаа во 2014 година, кога Израел ги прошири доселеничките населби во палестинската енклава а Ерусалим го прогласи за историска и недделива престолнина на еврејската држава. Палестинците, пак, источниот дел од Светиот град го сакаат за главен град на својата потенцијална држава. Со Појасот Газа владее исламистичкото движење Хамас, кој во 2007 година го протера Фатах и Палестинската самоуправа, а се противи на каков и да е соживот со Израел.

Вашингтон бара форми за да ги заживее преговорите, додека истовремено ги решава израелските безбедносни грижи, имајќи ја предвид растечката улога на Иран на Блискиот исток.

Том Нидес, американскиот амбасадор во Ерусалим, изјави дека терминалот Аленби, израелскиот граничен премин за Палестинците меѓи Западниот брег и Јордан од 24-ти октомври ќе работи 24 часа во текот на пробен период. Оцени дека тоа „навистина ќе ги промени животите на луѓето“.