Израелските сили убилe тројца Палестинци на Западниот брег, бранот насилства јакне

Израелските безбедносни сили убиле тројца Палестинци во четвртокот во текот на рација рано утрото во палестинската енклава Западен брег (на реката Јордан), која меѓународната заедница ја смета окупирана палестинска територија од Израел во ткн Шестдневната војна во 1967 година, соопшти министерството за здравство на Палестинската самоуправа.

Израелската војска соопшти дека безбедносни сили извеле антитерористички активности во близина на градот Џенин. При апсењето, како што се наведува, војниците се „гаѓани со директен оган и одговорија со боев оган“.

Џенин и соседниот град Наблус, во кои се наоѓаат палестински бегалски кампови, се во центарот на сѐ поголемото насилство последните месеци.

Според палестинското министерство за здравство, повеќе од 210 Палестинци се убиен годинава. Бројката ги вклучува и смртните случаи во текот на кусиот судир во Појасот Газа во август, како и жртвите откако израелската војска ја започна акцијата на Западниот брег по низата смртоносни напади во Израел. Меѓу загинатите има палестински милитанти и цивили.

Во истиот период, според израелските власти, велат дека 23 цивили и осум припадници на безбедносните сили се убиени во палестинските напади во Израел и на Западниот брег.