ФОТО и ВИДЕО|Израелско-палестинскиот судир не стивнува ниту на палестинскиот Ден на Накба

Израелско-палестинскиот судир продолжува и во саботаа без никакви знаци за стивнување, на Денот на Накба со кој се одбележува масовниот прогон на Палестинците при основањето на Државата Израел во 1948 година, а надежите се полагаат во посредувањето на Египет, Обединетите нации (ОН) и САД чиј претставник допатува во Израел.

Палестинците го одбележуваат Денот на Никба, во слободен преводи Денот на големата катастрофа, кој го симболизира страдањето, прогонот и масовното раселување на стотици илјади Палестинци од 1948 година, кога на денешниот ден е прогласена Државата Израел на териториите на кои претходно се населуваа Палестинците.

Военотпо крило на палестинското дижење Хамас, „Биргадиона на Изедин ал-Касам“ соопштија во саботата дека истрелале десетици ракети врз израелскиот град Тел Авив. Како што се наведува во соопштението тоа е одмазда за израелскиот воздушен удар врз бегласкиот кап, ал-Шати во палестинската енклава Појасот Газа, при што според тамошните здравствени служби загинале десет луѓе.

Во Тел Авив во саботата повторно се огласиле сирените за тревога од воздушен удар, како и во градот Ашдод и во областте кои граничат со Појасот Газа. Според израелската полиција две ракети паднале во предградие на Тел Авив, каде што загинал 51-годишен маж.

Во медиумите беа објавени фотографии од удар на палестинска ракета во паркиран автомобил во прдградието Рамат-Ган и во индустринската зона на градот Ришон-ле-Цион, веднаш до продавница на IKEA. Покрај тоа, „Бригадите на ал-Касам“ соопштија дека нападнале израелски воени единици во кибуцот Кисуфим близу границата со Појасот Газа, а притоа бил користен дрон со експлозив.

Израелската војска потврди дека ракетите на палестинските милитанти и натаму паѓаат врз израелските градови и дека во градот Беершеба на југот на Израел и во пограничните областу близу Газа е прогласена тревога. И израелската војска продолжува да напаѓа цели на палестинската територија. Воздушните сили гаѓале неколку позиции за лансирање ракети и две бодбени единици кои му припаѓале на Хамас, според соопштението.

Палестинската новинска агенција WAFA во саботата објави ека е погодена куќа со бегалци во кампот Шати во западна Газа, при што загинале најмалку седум челнови на едно палестинско семејств, меѓу кои имало и деца. Агенцијата пренесува дека има настрадани цивили и во Беит Лахи на северот на Газа, и на другите области, а портпаролка на израелската војска изјави дека се проверуваат овие извештаи.

Израелската војска соопшти дека во последните неколку дена од палестинскиет ракетирање загинале осум лица, од кои еден е војник, а меѓу жртвите има две жени и две деца. Истовреено министерството за здравство во Газа извести дека од понеделникот во израелските напади се убиени 140 Палестинци, меѓу кои 30 се деца и неколку десетици зе жени, а ранети се 1.000 луѓе.

 

Граѓански немири во Израел

Во Израел се засилија и граѓанските безредија и судири меѓу еврејското и арапското анселение, а имало и протести и судири. Во градот Лоду, југоисточно од Тел Авив, во петокот пред почетокот на полицискиот час избувнале судири.

Медиумите јавуваат дека Арапите последните денови се жртви на напади од Евреите. Во Јафа, мнозински арапски кварт во Тел Авив, на дом на арапско сеејство е фрлен „Молотов коктел“, а се верува дека зад нападот стојате еврејски сторители. Во нападот потешко е повредени дванаесетгодишно дете.

Во петокот вечерта безредија се регистрирани и во источен Ерусалим, во другата палестинска енклава Западниот брег (на реката Јордан) и во другите делови од северен Израел во кои живеат мнозинско арапско население. Од почетокот на безредијата уапсени се десетици осомничени за нападите и инцидентите од двете страни.

Израел ја започна воздушната и артилериска офанзива врз Појасот Газа откако Хамас истрела стотици ракети врз Ерусалим и Тел Авив како одмазда поради судирот на израелската полиција со Палестинците на платото пред џамијата Ал Акса во источен Ерусалим во текот на светиот муслимански месец на постото Рамазан.

Конфликтите ескалираа пред одржувањето на судското рочиште, во моментов одложено, коеможеше да доведе до иселување на палестински семејства од домовите во квартот Шеик Џара во источен Ерусалим на кои право полагаат и еврејски доселеници.

 

Обиди на дипломатијата

Во петокот во Тел Авив допатува високиот американски дипломат кој треба да се сретне со израелските и палестинските функционери, додека Вашингтон настојува што поскоро да преземе влијание на намалување на интензитетот на судирите и насилствата, најжестоките од 2014 година.

Главниот комесар на агенцијата на ОН за палестинските бегалци (UNRWA), Филипе Лаѕарини изјави во текот на посетата на Мадрид дека „крвопролевањата во Палестина ги испровоцирал Израел со исфрлување на палестинските семејства од источен Ерусалим“, како и со забраната за влегување на верниците во џамијата Ал Акса во текот на рамазанските празници.

Виртуелната седмица за најноиот палестинско-израелски судир во Советот на за безбедност при ОН, треба да се одржи во недела, откако беше одложен од петокот по противење на САД.

Пред седницата на Советот за безбедност при ОН во регионот допатуива претставникот на администрацијата во Вашингтон, Хади Амр, заменик на американскиот државен секретар Ентони Блинкен за израeлските и палестински прашања, според соопштението на американската амбасада да ја „истакне потребата за постигнување одржлив мир“.

Египет, по првичните неуспеси на заедничките напори со Катар и ОН уште на почетокот од седмицата, од петокот на полноќ врши притисоци врз двете страни за прекин на огнот. Според извори од египетските безбедносни сили, Египет директно преговара со Хамас, а другите меѓу кои и САД се обидуваат да постигнат договор со Израел.