Израелското убиство на командантот на Исламски џихад предизвика одмазнички ракетен напад од Газа

Палестинците вршат увид во оштетената куќа на високиот командант на Исламскиот џихад, Баха Абу ал-Ата, по израелскиот напад во градот Газа, на 12 ноември 2019 година/AFP

По израелски воздушен напад ноќта кон вторникот во кој е убиен командант на палестинското радикално движење Исламски џихад, палистанските милитанти истрелале десетици проектили од енклавата Појасот Газа кон израелските територии, пренесуваат агенциите.

Во специјално соопштение, военото крило на Исламски џихад, Бригадите ал-Кудс, го потврдија загинувањето на нивниот командант, 42-годишниот Баха Абу ал-Ата во израелски воздушен напад врз неговиот дом во источниот дел на градот Газа рано утрото во вторникот, додавајќи дека организацијата е ставена во состојба на „максимална тревога“.

Се додава дека покрај ал-Ата во израелскиот напад загинала и неговата сопруга. Исламски џихад, исто така, предупредува дека ќе продолжи по стапките на својот убиен командант со цел „да го заврши процесот на ослободувње на целата Палестина“. „Напшиот одговор неизбежно ќе ги шокира ционистите“, порачуваат палестинските милитанти.

Најмалку 50 ракети биле истрелани во вторникот од областа на Појасот Газа кон израелската територија, од кои 20 биле пресретнати од системот за противвоздушна одбрана „Челична купола“, објави израелската војска.

„Околу 50 проектили беа истрелани од појасот Газа кон Израел во 9,10 часот денеска наутро (по локално време). Противводушниот систем Челична купола пресретна околу 20 од нив“, се вели во соопштението на Армијата за одбрана на Државата Израел.

Во вторникот утрото биле неколкупати активирани тревогите за опасност од воздушни напади во Тел Авив, и неговите предградија Ришон-Леционе, Бат-Кам и Холон, како и во поголемите градови Ашдод и Ашкелон на југот од Израел и регионите кои граничат со Појасот Газа.

Според информациите на израелското државно радио Kan, еден од проектилит погодил во вторникот станбен објект на југот од земјата. Засега нема информации за настрадани, освен дека зградата е доста општетена.

„Исламскиот џихад од Газа неселективно истрелува ракети врз цивилите ширум Израел. Ќе ги заштитиме (граѓаните)“ објави израелската војска на Twitter подоцна.

Исламскиот џихад е палестинска милитантна организација за којашто се верува дека е поврзана со Иран. Во текот на денот Бригадите ал-Кудс предупредија дека „Израел мина преку сите црвени линии“, Палестинската самоуправа објави дека израелските власти го известиле офицерот за врска со палестинските обласи дека сите премини од Газа во Израел ќе бидат затворени на неодредено време.