Изречени казните на соработниците во терористичкиот напад во Ница во 2016 година

По 18 години казна затвор добија двајца од обвинетите за членство во терористичка организација поврзана со нападот во Ница од 2016 година во кој загинаа 86 лица.

Судијата Лоран Равио во Палатата на правдата во Париз при изрекувањето на казната истакна дека двајцата осуденици му давале морална и материјална поддршка на извршителот на терористичкиот напад, истовремено инспирирајќи го.

Судот не нашол поврзаност на обвинетите со меѓународна терористичка организација како што е Исламската држава, но утврдена е јасна инспирираност од џихадизмот.

Дванаесет години затвор му е изречени на лицето кое му го дало огненото оружје на извршителот на нападот, додека останатите петмина обвинети во процесот, вмешани во набавката на оружјето, ќе одлежат меѓу две и осум години.