Изречени пресудите за Таргет-Тврдина, 12 години затвор за Мијалков

Сите обвинети се виновни за дејствијата, истакна на денешното изрекување на пресудата во случајот „Таргет-Тврдина“ судијката Џенета Бегтовиќ.

Судот ги донесе следните пресуди:

Горан Грујевски ги сторил кривичните дела „злосторничко здружување“ , „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“ единствена казна затвор од 15 години.

Тони Јакимовски за „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“ единствена казна затвор од 6 години.

Гордана Јанкулоска за „злоупотреба на службената положба и овластување“ затворска казна од 4 години.

Никола Бошковски за „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“ доби единствена казна затвор од 15 години

Сашо Мијалков за „злосторничко здружување“, „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „примање награда за противзаконито влијание“ доби единствена казна затвор од 12 години.