Извештај за регионалниот план за управување со цврст отпад за полошкиот регион

Јавни расправи се одржаа во Тетово и Гостивар за Извештајот за стратегиска оцена на животната средина за регионалниот план за управување со цврст отпад за полошкиот регион Извештајот за стратешка оцена на животната средина (СОЖС) и нацрт – регионалниот план за управување соцврст отпад за полошкиот регион беа претставени на јавните расправи што се одржаа во Тетово и Гостивар на 12и 25 декември 2019 година.

Наодите и клучните заклучоци во повеќе области од извештајот за стратешката оцена за животна средина беа претставени пред заинтересираните граѓани. Презентациите се фокусираа на целите за заштита на животната средина за регионот во сите области, но особено на предложените мерки заподобрување на депонијата Русино со кои ќе се забележи драстично намалување на влијанијата врз животнатасредина. Беа дискутирани и мерки за подобрување на собирањето отпад и рециклирање и истите се вклучени во регионалниот план за управување со отпад. Со спроведувањето на планот ќе се воведе компостирање наоргански отпад и воведување на третман на отпад, но првиот приоритет е надградба на депонијата Русиноспоред стандардите на ЕУ. Презентацијата на извештајот за стратешка оцена на животната средина за нацрт – регионалниот план зауправување со цврст отпад за полошкиот регион, ја истакна тековната состојба на неправилно управување соотпадот, резултатите од влијанието врз животната средина и последиците по квалитетот на животот и здравјетона граѓаните.

По презентирањето на наодите од извештајот, присутните ги понудија своите предлози икоментари што ќе бидат земени предвид во последните фази од изготвувањето на регионалниот план зауправување со цврст отпад за полошкиот регион.Извештајот за стратешката оцена на животната средина беше објавен во периодот од 13.11.2019 – 13.12.2019година со цел целосно подготвување и темелно информирање на граѓаните, институциите, правните лица и ситезасегнати страни за јавните расправи. Регионалниот план и извештајот за СОЖС беа подготвени во рамките на проектот за управување со цврст отпадво полошкиот регион. Подобрувањето на организацијата на регионалниот и локалниот систем за управување соотпад и обезбедување на напредно решение за управување со отпад во полошкиот регион е главната цел напроектот што е финансиран од швајцарскиот државен секретаријат за економски прашања SECO. Резултатот одпроектот ќе биде подобрување на квалитетот, ефективноста и одржливоста на услугите за управување со отпадво полошкиот регион и намалување на негативните влијанија врз животната средина и здравјето. Проектот имаза цел да обезбеди основа за регионални инвестиции во инфраструктурата, создавање услови за локаленекономски развој и создавање нови можности за вработување за локалното население.

Проектот го спроведуваат деветте општини во Полошкиот регион поддржан од ИINFRASTRUKTUR & UMWELT воконзорциум со SEHLHOFF и БАР Е.Ц.Е. Целиот проект се заснова на националното законодавство за управувањесо отпад и стандардите на ЕУ и е во согласност со патоказот за пристапување во ЕУ. Имплементацијата на проектот започна на крајот на септември 2018 година и се предвидува да трае до вторатаполовина на 2020 година. Се очекува последователниот проект да се фокусира на реализација на регионални илокални мерки за инвестирање и институционална поддршка