Извештај: Една третина од оружјето продадено во целиот свет е од САД

50
ИД со хемиско оружје нападна село во северен Ирак
ИД со хемиско оружје нападна село во северен Ирак

САД обезбедиле повеќе од третина од оружјето што се продало во светот во последните пет години, со што ја зголемиле својата улога како најголем продавач на оружје во светот, објави денеска шведски истражувачки институт.

Во својата последна анализа на глобалните трансфери на оружје, Меѓународниот институт за истражување на мирот во Стокхолм (СИПРИ) проценува дека глобалниот обем на трансфери на оружје се зголемил за речиси осум проценти во периодот од 2014 до 2018 година, во споредба со 2009-2013 година.

САД во овој период учествувале со 36 проценти во глобалната продажба на оружје, додека  во периодот 2009-2013 ток процент изнесувал 30 отсто.

САД продале оружје на најмалку 98 земји, далеку повеќе од кој било друг голем снабдувач, соопшти СИПРИ.

Американските испораки вклучувале „напредно оружје како што се борбени авиони, крстосувачки и балистички проектили со краток дострел и голем број наведувачки бомби“.

Малку повеќе од половина од оружјето што го продале САД било наменето за Блискиот Исток, каде само Саудиска Арабија купила 22 отсто од вкупната продажба на САД во регионот.

Во истиот период, Саудиска Арабија е најголем увозник на оружје во светот, со 12 проценти од глобалниот увоз. Покрај САД, нејзините главни снабдувачи се Велика Британија и Франција.

Според СИПРИ, извозот на оружје во регионот на Блискиот Исток речиси двојно се зголемил меѓу 2009 и 2013 година. Други големи регионални увозници се Египет, Обединетите Арапски Емирати и Ирак.

Русија, вториот по големина извозник во светот со една петина од глобалните испораки на оружје, продала оружје на 48 земји. Повеќе од половина од рускиот извоз бил за Индија, Кина и Виетнам.

САД, Русија, Франција, Германија и Кина се првите пет добавувачи, кои сочинуваат 75 проценти од глобалниот извоз на оружје.

Пет земји – Саудиска Арабија, Индија, Египет, Австралија и Алжир – купиле околу една третина од оружјето што се продава во целиот свет.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.