Извештај за починатата родилка од Свети Николе ќе биде готов идната недела

Извештајот од Комисијата која е формирана од страна на Министерството за здравство е готов, но се чека и на официјалниот наод од обдукцијата, и во текот на наредната седмица треба да бидат доставени во Клиничката болница во Штип и на семејството.

Министерот за здравство Венко Филипче ова им го ветил на семејството на Маја Паневска(28) од Свети Николе која пред еден месец почина во штипската болница, откако роди здраво машко дете.

Извештајот од Комисијата која е формирана од страна на Министерството е готов, но се чека и на официјалниот наод од обдукцијата, која ја има извршено Судска медицина. Во текот на наредната недела ќе биде комплетирана документацијата по што ќе биде предадена на раководството на болницата и на семејството, изјави Филипче.