Извештај: Забрзано расте бројот на вработение во јавниот сектор

Министерството за информатичко општество и администрација во неделата го објави Извештајот за вработени во јавниот сектор за 2018 година, кој содржи информации за структурата на вработените во јавниот сектор.

Бројот на вработени во јавниот сектор заклучно со 31 декември 2018-та година во изнесува 132.068. Вработените се распределени во 1.314 институции.

За споредба, извештајот од 2017 година, пак, покажува дека во 1.299 институции работеле 128.722 лица, што значи дека во државата се зголемува и бројот на јавни институции и бројот на вработени, односно за една година бројот на буџетарите се зголемил за 3346 вработени.