Известувачот на ЕП вели дека има напредок пред изборите во Србија, но дека некои мерки доцнат

Известувачот на Европскиот парламент (ЕП) за Србија, Владимир Билчик оцени во саботата на крајот од посетата на Белград дека во Србија „има позитивен напредок пред изборите“, истакнувајќи дека е клучно спроведувањето на мерките за подобрување на изборните услови бидејќи има одредено доцнење.

„Жалиме што гледаме доцнење во спроведувањето на некои мерки“, рече Билчик на прес-конференцијата истакнувајќи ја важноста на работата на привременот надзорно тело за медиумите.

Билчик истакна дека е „клучно спроведувањето на мерките и законот во Скупштината на Србија“, а дека оцената на европарламентарците е дека „некои политички актери решиле да не учествуваат во спроведување на мерките“.

Најави дека делегацијата на Европскиот парламент комплетниот извештај ќе го даде по изборите во Србија коишто се закажани за 3-ти април.

„Меѓународната заедница ќе ги следи овие избори коишто ќе бидат уште еден тест за Србија, за подобар живот на граѓаните, демократијата и слободата на медиуми“, наведе Тања Фајон, европратеничка и член на известувачката делегација.

Изрази задоволство од исходот на разговорите од претставниците на Европскиот парламент во текот на тридневниот престој во Србија и од меѓупартиските преговори.

„Задоволна сум од исходот, политиката е работа на компромиси. Имавме добра соработка со повеќето политички актери, а сега на Србија ѝ преостанува изборите да бидат успешни. Станавме гарант на дијалогот во Србија и сакам да видам чесни избори“, порача Фајон на прес-конференцијата.

Словенечката европарламентарка рече дека ова била нејзината последна мисија во својство на известувач и најави дека во иднина ќе се посвети на изборите во Словенија.

„Се надевам дека успеав да придонесам за подобра атмосфера во Србија, којашто во мене секогаш ќе има искрен пријател“, заклучи Фајон.

Посредниците од Европскиот парламент во меѓупартискиот дијалот, од кој некои опозициски партии се откажаа, разговараа во петокто со српскиот претседател Александар Вучиќ за предлозите и сугестиите во врска со процесите коишто се однесуваат на претстојните избори во Србија, како и проблемите на косовските Срби во остварувањата на нивните гласачки права.

Во текот на престојот во Белград европратениците се сретнаа и со премиерката Ана Брнабниќ, претседателот на спрскиот парламент Ивица Дачиќ, како и се поретставниците на вонпарламентарната опизиција. Тема на нивните разговори беа спроведени 16 конкретни мерки за подобрување на изборните услови и што уште може да се стори за спроведување чесни и демократски избори.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.